Политика за квалитет
- ДРЖАВНА ВИДЕОЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА дава квалитетна услуга на своите корисници во согласност со законските барања и со меѓународните стандарди за работа во областа на игрите на среќа.
- ДРЖАВНА ВИДЕОЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА нуди интересни и разновидни електронски и интернет игри на среќа, со примена на најсовремена технологија, при што креира придобивки за корисниците во реално време, независно од местото на пристап и овозможува контрола на безбедноста и квалитетот.
- ДРЖАВНА ВИДЕОЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА соработува со домашни и меѓународни институции и други деловни субјекти , со цел организирање на високо квалитетни и безбедни електронски и интернет игри на среќа.
- ДРЖАВНА ВИДЕОЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА со особено внимание е посветена кон зачувување на животната средина, принципите на општествена одговорност, здравјето и безбедноста на своите корисници и вработени .
- ДРЖАВНА ВИДЕОЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА го поддржува Системот за Управување со Квалитет во согласност со барањата на меѓународниот стандард ISO 9001:20 15.
- Врвното Раководството на ДРЖАВНА ВИДЕОЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА обезбедува мотивираност, вклученост и посветеност кон остварување на стратешките определби и цели .
- ДРЖАВНА ВИДЕОЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА се стреми да одржува тим од високо квалификувани и мотивирани вработени, кои се свесни за важноста на своите дејствија, при што се остварува непречена, навремена и точна комуникација и соодветна дистрибуција на зн a ење.
- ДРЖАВНА ВИДЕОЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА се стреми навремено да ги идентификува ризиците во работењето, проактивно да управува со нив заради унапредување на услугите, процесите и Системот за управување со квалитет.
- ДРЖАВНА ВИДЕОЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА во своето работење применува процесен приод и врши идентификација, планирање, воведување, контрола и континуирано подобрување на сите процеси кои имаат влијание врз квалитетот на услугите.
- Врвното Раководството на ДРЖАВНА ВИДЕОЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА периодично извршува контрола на политиката, функционирањето на системот за управување со квалитет, исполнувањето и поставувањето на нови цели за квалитет .
Скопје, 25.09.2018
Политика за безбедност на информации
- Осигурување на доверливост, интегритет и достапност на информациите.
- Почитување на законските барања, меѓународните стандарди и пропишани регулативи за управување со безбедност на информации.
- Проактивно идентификување, оценка и управување со ризиците во однос на безбедност на информациите.
- Обезбедување на сите неопходни ресурси за непречено функционирање на Системот за управување со безбедност на информации (физичка, технолошка, организациска и лична заштита на информациите).
- Јасно дефинирање на одговорности и овластувања во однос на пристап до деловните информации, нивниот трансфер, како и следливост на сите пристапи до информациите.
- Почитување на сите дефинирани процедури и правила за заштита на безбедноста на информациите од страна на секој вработен и деловните соработници.
- Континуирано унапредување на компетентноста и свесноста на вработените во однос на безбедноста на информациите.
- Oстварување на непречена, навремена и точна внатрешна и надворешна комуникација со сите засегнати страни во однос на безбедност на информациите.
- Градење на долгорочни позитивни релации со деловните соработници и евалуација на нивното работење, со јасна комуникација за свесност и одговорноста за почитување на Системот за управување со безбедност на информациите во деловните односи.
- Навремено идентификување и преземање на можностите за континуирано унапредување на Системот за управување со безбедност на информации, преку интегрирано планирање и анализа на ризиците од промените .
- Проактивно, превентивно и навремено реагирање во случај на настанување на инциденти во однос на безбедност на информациите и почитување на пропишаните рокови за обезбедување на достапност и континуитет на информациите.
- ДВЛМ го поддржува Системот за управување со безбедност на информации во согласност со барањата на меѓународниот стандард ISO 27001:2022.
Верзија: 03 I 15.04.2026
Политика за одговорно играње
- ДРЖАВНА ВИДЕОЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА како приредувач на игри на среќа е долгорочно посветена на почитување на принципите на општествена одговорност и унапредување на здравјето и безбедноста на своите корисници и вработени.
- ДРЖАВНА ВИДЕОЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА се обврзува целосно да ги почитува законските барања, Европскиот стандард за одговорно играње и интерните политики за одговорно играње.
- ДРЖАВНА ВИДЕОЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА обезбедува соодветни обуки и информации на вработените и деловните соработници за одговорно играње, препознавање на проблематично обложување и насоки за помош на лицата со потенцијално проблематично обложување.
- ДРЖАВНА ВИДЕОЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА се осигурува дека игрите кои ги нуди се усогласени со законските и регулаторни барања, со јасно и јавно објавени правила и шанси за добивка и се преземени сите мерки за минимизација на ризиците од предизвикување на негативен социјален импакт.
- ДРЖАВНА ВИДЕОЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА го ограничува пристапот кон своите производи и услуги само на лица со навршени 18 години или постари и го забранува учеството во игрите на среќа на лица под 18 години.
- ДРЖАВНА ВИДЕОЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА обезбедува јавно и јасно достапни информации за одговорно обложување, референци кон институции кои нудат професионална помош за зависности, како и алатки за самоконтрола и саморегулација на учесниците во игрите на среќа, секаде каде е технички возможно.
- ДРЖАВНА ВИДЕОЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА во своето рекламирање и маркетинг активности се придржува до принципите на социјална одговорност, не се користи со измамнички или лажни пораки и не таргетира во своите пораки лица под 18 години, лица со потенцијална зависност од игри на среќа и припадници на ранливи групи.
- ДРЖАВНА ВИДЕОЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА се вклучува во јавен дискурс со клучните заинтересирани страни во врска со прашањата за одговорно играње и проблематично обложување и ги интегрира заклучоците од овие дискусии во своите стратегиски процеси на одлучување.
- ДРЖАВНА ВИДЕОЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА соработува со академската заедница и релевантни институции во истражувања и студии за проблематично обложување и во примената на новите сознанија во идните мерки за одговорно играње.
- Врвното Раководството на ДРЖАВНА ВИДЕОЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА периодично извршува ревизија на реализираните активности, политики и стратегии, со цел да ги утврди соодветноста, применливоста и ефективноста на овие мерки и континуирано ги унапредува.
ISO сертификација
Државна видеолотарија на Република Македонија има воспоставено Систем за Управување со Квалитет согласно ЕN-ISO 9001:2015 во доменот на: Приредување на електронски и интернет игри на среќа