ДВЛМ со донација за специјалната олимпијада
04.09.2015
#ИграјЗаЗабава
#ИграјОдговорно
Државна видеолотарија на Република Македонија (ДВЛМ) во склоп на својата визија за општествено одговорна компанија, продолжи во своите настојувања да ги потпомогне оние кои имаат потреба од поддршка, негувајќи ја идејата за еднаков третман на сите во општеството. Со донација ги охрабривме членовите од Специјална Олимпијада Македонија во остварувањето на нивниот предизвик- учество на Летните олимписки игри во Лос Анџелес.