← прес центар 2015

ДВЛМ ги поддржа младите хемичари од Македонија

20.07.2015 ДВЛМ ги поддржа младите хемичари од Македонија

„Животот е огромна хемиска лабараторија, знаат да кажат научниците. Па, затоа ние одлучивме да ги поддржиме оние кои имаат талент и знаење да ја престават хемиската лабараторија од Македонија во Баку. Ни преставува чест, а воедно и задоволство што Државна видеолотарија на РМ има шанса да поддржи талентирани млади луѓе кои ќе се обидат да освојат нови подрачја во светот со своето знаење. Ние го препознавме потенцијалот кај овие младинци, па затоа и решивме да ги охрабриме и да ги растеретиме, оставајќи им простор да го покажат своето знаење во најдобро светло на Меѓународната олимпијада за хемија во Баку. Посакуваме да постигнат успех, а воедно нивното учество да биде поттик за создавање на вредности со кои се покажува дека знаењето отвара нови видици и сознанија, но и можности за долгорочно насочување на младите луѓе“ - изјави директорот на Државна Видеолотарија на РМ, Дане Кузмановски.

Повеќе

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно