Никола стана милионер благодарение на Милионер џек пот на Државна видеолотарија
По пензионерот од Штип, студент од Брвеница влета во списокот среќни добитници, освојувачи на МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ на Државна видеолотарија. Никола М е најмладиот полнолетен играч кој го надополни нашето среќно семејство добитници.
Својата среќна добивка 1.244.228,00 денари ја освои во клубот на ВИЛ ХИЛ во Брвеница.По освоениот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ се впушта во нов поход, по нови добивки. Сега посакува да добие 7ка на лото. Никола студира, но и редовно се забавува, играјќи ги игрите на среќа.
Ова добивка беше изненадување за него, а уште повеќе за неговото семејство. МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТОТ е првиот голем износ на кој особено му се радува, затоа што ќе му овозможи остварување на неговите желби. Тој веќе ги започна плановите како ќе ги потроши освоените пари. Го испланира својот одмор во Грција, ќе ги изненади своите блиски, а планира да го посети и својот другар во Италија. Ова е 5та МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка, прва во ВИЛ ХИЛ. Досега се освоени и над 650 МИНИ ЏЕК ПОТ добивки. Добивките ЏЕК ПОТ, Државна Видеолотарија на РМ ги стартуваше на 01 јуни. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. МИНИ ЏЕК ПОТ добивките се во вредност од 5 илјади до 10 илјади денари, додека најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка е вредна од 1.200.000,00 до 1.500.000,00 денари.