← прес центар 2016

Државата лани заработи речиси милион евра од обложување преку интернет

27.03.2016 Државата лани заработи речиси милион евра од обложување преку интернет

За нецела година од кога и официјално почна да работи платформата за електронски и интернет игри на среќа на Државната видеолотарија на Македонија, државата од оваа дејност во која во светот се вртат огромни пари, заработи речиси милион евра (960.000 евра). Веќе следната година, а и во годините што следат, се очекува заработката да биде уште поголема.
Новата компанија во која државата е сопственик на 51 отсто од капиталот, а остатокот е на австриската „Kасинос Аустрија интернатионал“ официјално е во функција од јануари ланската година, но првите три месеци беа пробен период во кој корисниците можеа да играат и да си ја опробуваат среќата, но без губење или добивање пари, а од април почна и официјалната работа. Од идната година Државната видеолотарија ќе го изгуби монополот што сега го има, така што веќе од јануари идната година и овој пазар ќе биде либерализиран. Според донесениот закон, новата компанија во период од две години ќе има ексклузивитет за приредување вакви игри на среќа, а по овој период, пазарот ќе се отвори што значи дека и други домашни или странски компании со регистрација во земјава и исполнување на бараните услови ќе можат да даваат вакви услуги.

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно