Државна видеолотарија на Скопје трча 10 километри
Во недела 07.10.2018 се реализираше трката „Скопје трча 10 километри“. Државна видеолотарија на Република Македонија како општествено одговорна компанија го препозна хуманиот карактер, па реши да даде свој придонес. „Секој километар значи“ е насловот на трката која ги обединува сите кои се општествено одговорни, сега со примарна цел да се помогне на младинците од СОС Детско село.
Државна видеолотарија заедно со Државна Лотарија на РМ дадоа свој придонес кон реализирањето на основната цел, собирање средства за изградба на Младинската куќа во СОС Детското село, во Радишани. Тимот на Државна видеолотарија го препозна потенцијалот на овој убав настан кој во себе ги обединува спортот како начин на здрав живот и хуманоста за младинците од СОС Детското село.