Државна видеолотарија се вклучи во иницијативата „Спортска канцеларија“
На 18.10.2019, тимот на Државна видеолотарија се вклучи во проектот „Спортска канцеларија“.
Иницијативата за „Спортска канцеларија“ е одлична идеја. Секторот за човечки ресурси на Државна видеолотарија ја препозна, па ја поддржа и како одлична мотивациска вежба за нашиот тим. Целиот тим, сите вработени овој ден, 18.10.2019 го искористија за спорт и забава.
Континуираното работење во канцеларија може да има последици врз здравјето. Ние како одговорна компанија, која се грижи за своите вработени, се обидовме да ја пренесеме идејата за превенција и надминување на последиците врз здравјето од недостатокот на физика активност кај нашиот тим. Вработените со задоволство ја прифатија иницијативата, откривајќи дека и во своето слободно време, настојуваат да спортуваат и да бидат активни, во текот на целата година.