Драчево и Гостивар се новите епицентри на Милионер Џек пот
02.03.2021
#ИграјЗаЗабава
#ИграјОдговорно
Последната недела од февруари, уште двајца играчи беа доволно среќни за да ги стресе милионскиот „земјотрес“ наречен МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ на Државна видеолотарија.
Први имаа повод за прослава во Гостивар, на 24 февруари, во 22:08 часот. Во Делта бет доо Моцарт покажана беше добивка од 1.715.726 денари.
Вториот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ беше дури и поголем, во висина од 1.754.287 денари. Оваа добивка е освоена во скопската населба Драчево, во просториите Спорт Лаиф Треид Спортлаиф, првите минути од последниот ден во месец февруари.
Никогаш не знаете кои се вашето место и време за да станете милионер