← прес центар 2021

Супер Милионер Џек Пот, нова фантастична добивка од Државна видеолотарија

05.03.2021 Супер Милионер Џек Пот, нова фантастична добивка од Државна видеолотарија
Државна Видеолотарија на Македонија со задоволство ја претставува досега највисоката и најатрактивна добивка, СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ, во износ од  фантастични 8 до 12 милиони денари.

Под слоганот „Играј за забава, Играј одговорно“, на барање на играчите на ВЛТ игрите на среќа, Државна видеолотарија го збогатува своето портфолио на џек пот добивки. Најновата добивка е вистински посакувана сензација како најголема добивка досега - СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ во  фантастична вредност од 8 до 12 милиони денари.

Добивката СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ се постигнува со учество на ВЛТ игрите на среќа.  Едновремено, Државна видеолотарија информира дека популарните МИНИ И МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивки, остануваат и понатаму среќна опција за нашите играчи и тоа, без промени.

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно