Среќен роденден Кире, македонско богатство – светска легенда!
10.05.2021
#ИграјЗаЗабава
#ИграјОдговорно
Кога станува збор за Кире Лазаров, цифрите се важни само ако означуваат некакви рекорди, а кога треба да означат број на години – немаат право на глас. Ракометниот 007 денес наполни 41 година и уште еднаш потсети дека неговите успеси растат пропорционално со родендените.
И на почетокот на петтата деценија, Лазаров важи за најдобриот десен бек во светот на ракометот, со достигнувања, кои ќе останат тешко дофатлив предизвик за многу генерации по него. Оваа година, во јануари, го одигра, своето седмо и можеби последно Светско првенство, но и понатаму стои запишан како најдобар стрелец на еден ракометен Мундијал, со 92 гола од Хрватска во 2009.
Истото признание, најдобар стрелец на едно СП го повтори и во 2017 година, а во меѓувреме ги допре и клупските небесни височини, освојувајќи ја европската титула во Лигата на шампионите, со Барселона, во 2015 година. Три сезони подоцна се запиша и како најдобар стрелец во историјата на Ф4-турнироте во Лигата на шампионите, во Келн, со 57 гола.
Неговиот Нант и понатаму е во конкуренција за највисок пласман во овогодишната ЛШ, а тоа значи дека Лазаров ќе продолжи да ги подобрува рекордите и по својот 41 роденден. Пред неполни две недели стана рекордер по број на одиграни натпревари во Лигата на шампионите, со 250, а веќе в четврток ќе има шанси да ја зголеми таа бројка. Прашање е кога и дали воопшто ќе биде стигнат и неговиот рекорд по број на постигнати голови во Лигата на шампионите, кој во моментов изнесува 1479.
За неговото значење за македонскиот ракомет, пак, ќе оставиме иднината да зборува, бидејќи неговата приказна со македонското сонце допрва ќе доживува блесоци.