← прес центар 2021

Спонзорство вредно 10.000 евра од Видеолотарија Касинос Австрија за Скијачкиот клуб Меденица

16.07.2021 Спонзорство вредно 10.000 евра од Видеолотарија Касинос Австрија за Скијачкиот клуб Меденица
Видеолотарија Касинос Австрија продолжи да го помага македонскиот спорт и да дава свој скромен придонес во неговите развој и афирмација. Нов чекор кон нови врвни резултати е нашето спонзорство за скијачкиот клуб Меденица во вредност од 10.000 евра.

Средствата од спонзорството ќе бидат наменети за помагање и поддршка на кариерата на еден од нашите најталентирани скијачи, Мирко Лазарески. Роден во 2003 година, тој веќе е најдобар македонски скијач во својата возрасна категорија, а минатата сезона заврши на седмо место меѓу јуниорите од поширокиот Балкан.

И среде летните горештини, Мирко веќе ги почна подготовките за новата сезона во алпско скијање и ја заврши првата фаза од нив, базичните подготовки на снег, на глечерот Хинтерус во Австрија. Средствата од спонзорството на Видеолотарија Касинос Австрија ќе бидат искористени за набавување квалитетна опрема и за помагање на неговото учество на 35 меѓународни натпреварувања во новата сезона.

„Со средствата од ова спонзорство, конечно Мирко ќе може да ги реализира целите кои ги имаме поставено и да се насочи кон уште поголем меѓународен успех“, изјави Бранислав Лазарески, претседател на скијачкиот клуб Меденица.

Убедени сме дека овие средства ќе завршат на вистинско место и дека ќе се гордееме со резултатите на Мирко и со неговата кариера, која допрва ќе меѓународните граници и ќе допира до ушите на јавноста. Видеолотарија Касинос Австрија ќе продолжи да биде пријател на македонскиот спорт и да помага, како врвни спортисти и екипи (како македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, Кире Лазаров, Игор Стефановски, Едина Муса), така и млади таленти, кои допрва треба да блеснат.

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно