← прес центар 2021

Ново продолжение на среќната приказна наречена СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ

14.08.2021 Ново продолжение на среќната приказна наречена СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ
Видеолотарија Касинос Австрија со радост соопштува дека e освоена уште една од најпопуларните и најпосакуваните добивки во Македонија – СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ.

Најновиот среќник е од Скопје и на 11 август, а неколку минути по 13 часот стана сопственик на неверојатни 8.838.489 денари. Тој не сакаше да се експонира и реши да остане анонимен, но затоа ја споделуваме неговата радост, како ново продолжение на среќната приказна, наречена СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ.

Може да го добие секој што се забавува и игра на видеолотариските терминали, насекаде низ земјава, а потенцијалната добивка се движи од 8.000.000 до 12.000.000 денари.  
#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно