← прес центар 2021

Во Охрид, Супер Милионер Џек пот со преку 10 милиони денари

27.09.2021 Во Охрид, Супер Милионер Џек пот со преку 10 милиони денари
СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ донесе уште еден повод за прослава, овојпат кај 11-тиот среќен добитник. Попладнето на 16 септември, Охрид беше епицентар на среќата, со освоени 10.059.121 денар.

Нашиот среќен добитник  З.Т. од Охрид е најновиот кој го дополнува списокот среќни добитници. Ни откри дека бил многу изненаден од добивката. Тој е вистински пример за непишаното правило „колку повеќе играш, толку поголеми се шансите за добивка“, бидејќи често играл и имал помали добивки, но немал никакво претчувство дека ќе ја добие најголемата. Сумата е голема, вели и најверојатно ќе ја вложи во недвижнини.

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ  е најголемата џек пот добивка, со можност за освојување до 12.000.000 денари. 

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно