← прес центар 2022

Новогодишна честитка со осум цифри освои најновата Супер милионерка

09.01.2022 Новогодишна честитка со осум цифри освои најновата Супер милионерка
Фантастичниот СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ во предвечерјето на Нова година, го освои жена. Таа е првата добитничка меѓу досегашните среќници, а судбината ѝ се насмевна со добивка вредна преку 11 милиони денари.

Најсреќната милионерка В.Н во друштво на својот сопруг, пристигна во просториите на Видеолотарија Касинос Австрија, за да го подигне освоениот СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ,  вреден 11.128.852 денари. Фантастичната добивка е освоена во објект на Моцарт во Гостивар.

Со сопругот сè уште беа во неверување, велејќи дека сето ова се случило како на филм. Додека да им спадне позитивниот шок, ќе мора да решат како ќе ги потрошат парите, бидејќи признаа оти немаат план за нив.

Таа е втората СУПЕР МИЛИОНЕРКА во декември 2021 и вкупно 17-та откако постои оваа неодолива добивка. Нејзината добивка е петта која ја надмина границата од 11 милиони денари, а веќе познато е дека највисокиот џекпот во Македонија може да достигне 12.000.000 денари.
#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно