← прес центар 2022

За неполни две недели, уште еден Супер милионер џекпот

02.02.2022 За неполни две недели, уште еден Супер милионер џекпот
Возбудливи денови за Видеолотарија Касинос Австрија и, пред сè, за нејзините играчи. Додека расте еуфоријата за ИГРАЈ БЕЗ НЕРВОЗИ И МЕРЦЕДЕС ВОЗИ и главните награди, двата автомобили Мерцедес, се појави нова радост, на друг „фронт“. Освоен е уште еден СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ во првиот месец во новата година и тоа повторно со осумцифрена вредност во денари.

После првиот, во рок од неполни две недели, пристигна и вториот СУПЕР МИЛИОНЕР во 2022. Најпосакуваната добивка во Македонија ја освои В. П.

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ добивката вредна 10.588.267 денари е добредојдена за бранување на мирните пензионерски денови. Добивката е освоена во петокот попладне, на 28 јануари, во објект на Спортлајф во Штип, а радоста и задоволството ќе траат уште долго. Нашиот среќен играч го освои СУПЕР МИЛИОНЕРОТ, а сумата го освои него со својата вредност, меѓутоа истакна дека парите ќе заминат на адреса на неговите наследници. Нема да ја пропушти оваа шанса да направи и да остави нешто за своите деца.

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ и понатаму ќе ги радува играчите на Видеолотарија Касинос Австрија со добивки и до 12.000.000 денари, но не пониски од 8.000.000. Во меѓувреме, додека го чекаме следниот, тука е МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ како добредојдена добивка вредна од 1.200.000 до 1.800.000 денари.
#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно