← прес центар 2022

Видеолотарија Касинос Австрија спонзор на мотоциклистички шампион Христијан Бузалковски

07.09.2022 Видеолотарија Касинос Австрија спонзор на мотоциклистички шампион Христијан Бузалковски
Видеолотарија Касинос Австрија со спонзорство од 2.500,00 евра го поддржа македонскиот мотоциклистички шампион Христијан Бузалковски за учество на БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Видеолотарија во своите заложби за поддршка на македонскиот спорт, донесе одлука за спонзорство на  македонскиот мотоциклистички шампион Христијан Бузалковски, кој е член на Здружение Мото клуб СЕВЕНТУ ОНЕ TEAM Скопје. Средствата во износ од 2.500 евра, ќе му   овозможат  учество на меѓународни шампионати. 

Според преостанатиот календар за тековната 2022 сезона, Бузалковски ќе се натпреварува од 23.09 до 25.09 во Навак, Србија, а потоа од 21.10.до 23.10 во Серес Грција. Бузалковски претходно има 8 победи од 8 трки во БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Спонзорство е дел од стратегијата на Видеолотарија Касинос Австрија како општествено одговорна компанија да ги поттикне спортските навики и да го негува развојот на спортскиот дух кај младите. 

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно