← прес центар 2024

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

10.05.2024 НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН  СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО
Петочна среќа за играч на видеолотариските терминали на Видеолотарија Касинос Австрија. Стана сопственик на СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот вреден 20.937.208 денари

Во мај го добивме петтиот сопственик на СУПЕР МИЛИОНЕР годинава. Фантастични 20.937.208 денари освои играч кој се забавувал на видеолотариските терминали од Видеолотарија Касинос Австрија. Најпосакуваната добивка- СУПЕР МИЛИОНЕР вреден 20.937.208 денари е освоена кај нашиот деловен соработник Марбет Бет Ту Мар во Тетово.

На нашиот најнов среќен добитник, му ја честитаме добивката СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот, очекувајќи го да пристигне во нашите простории, по добитниот чек на освоениот износ од  20.937.208 денари.
#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно