← прес центар 2025

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА СО НОВ СПОНЗОРСКИ ДОГОВОР ЗА КФСМ

03.07.2025 ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА СО НОВ СПОНЗОРСКИ ДОГОВОР ЗА КФСМ
Под слоганот „Играј со најдобрите“, Видеолотарија Касинос Австрија повторно застанува силно и безрезервно на страната на спортот – овојпат како поддржувач на македонската кошаркарска репрезентација.

Во просториите на Видеолотарија Касинос Австрија денес беше потпишан нов спонзорски договор со Кошаркарската федерација.

Соработката со КФСМ е континуитет на нашата заложба за унапредување на спортот во Македонија. Веруваме дека со здружени сили – играчи, навивачи, институции и компании – можеме да стигнеме до победа“, истакнуваат од Видеолотарија Касинос Австрија.

Претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија -Томе Главчев ја изрази својата благодарност нагласувајќи дека Видеолотарија Касинос Австрија е меѓу првите компании кои уште веднаш реагираа на нивното барање за поддршка на федерацијата.

И потпретседателот- Младен Ѓуроски, ја изрази својата благодарност за поддршката, нагласувајќи ја важноста од вакви партнерства за развојот на македонската кошарка и спортот воопшто. Тој пред медиумите го претстави и дресот со аплицираното лого на Видеолотарија.

Видеолотарија Касинос Австрија најави дека со гордост и задоволство ќе биде дел од спортските натпревари на федерацијата, навивајќи заедно со сите кои веруваат во црвено-жолтите. Натпревари за кошаркарите се шанса да се покаже тимскиот дух и борбеност, а за нас како општествено одговорна компанија и нова можност да ја докажеме нашата поддршка и верба во кошаркарските успеси.
#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно