Интернет игри на среќа - 2win.mk
Брендот 2Win се однесува на платформата за приредување Интeрнет игри на среќа на Државна видеолотарија на Македонија. Во портфолиото на играчката платформа можат да се најдат видеолотариските игри, спортското обложување и обложувањето во живо. Во рамки на видеолотариските игри можат да се освојат и повеќе нивоа на атрактивни Џeкпот добивки.
Нашата визија е да прераснеме во платформа за игри на среќа која ќе биде конкурентна со светски познатите интернет сајтови за игри на среќа. Во перспектива е портфолиото на игри да биде надополнето со играчки содржини како:
- Виртуелни спортови
- Виртуелно кено
- Виртуелни трки
- Виртуелни грепки
- Казино игри
- Покер, како и
- Уплата на традиционалните игри на среќа на Државна лотарија на Македонија
Платформата за интернет игри на среќа се базира на најсовремените технологии кои гарантираат безбедност и доверливост на плаќањата и личните податоци на нашите корисници. Сертифицираните генератори на случајни броеви гарантираат реални и подеднакви шанси за добивка на сите играчи. Во рамки на платформата нудиме голем број на опции за контрола на лимитите за обложување и периодот на игра, во согласност со препораките на ЕУ за одговорни приредувачи на игри на среќа.